Од денеска, во Општина Прилеп, достапно за граѓаните и бизнис секторот ќе биде контејнерското рециклирање на ситниот електричен и електронски отпад, батерии и акумулатори. Општина Прилеп, во соработка со Колективниот постапувач „Нула Отпад“, а за потребите на Општина Прилеп, за годинава ќе постават 24 специјализирани контејнери за собирање на ситен електричен и електронски отпад,батерии и акумулатори. Првата тура од 12 контејнери се поставува денеска, каде е опфатено поширокото централно градско подрачје, населбата Точила, како и типската населба. Во овие контејнери граѓаните ќе можат да одлагаат ситен електричен и електронски отпад во кои спаѓаат уреди од мобилни телефони, сите видови ситни апрати од домаќинствата, мали монитори, до максиумум средна големина на принтери, како и батерии и акумулатори.
Градоначалникот Борче Јовчески и директорот на ЈКП„Комуналец“- Прилеп, посетија дел од пунктовите каде се поставени специјализираните контејнери за рециклирање на овој вид на отпад, упатувајќи апел до граѓаните и бизнис секторот да рециклираат електричен и електронски отпад.

„Локалната самоуправа на Општина Прилеп, и јавното претпријатие решението на проблемот го гледаат во имплементација на концептот „Нула отпад“, кој се темели на принципите на одржлив развој и циркуларна економија. Со поставување на контејнери за рециклирање на ситен електричен и електронски отпад, го продолжуваме долгорочниот стратешки план на општинава да го направиме системот на управување со отпад да биде прилагоден на концептот на нула отпад, каде се рециклира и употребува голем дел од отпадот. Ние како Локална самоуправа и јавното претпријатие континуирано работиме на подобрување на условите на граѓаните да можат да го селектираат отпадот, и заедно да бидеме одговорни кон животната сердина. Затоа, во соработка со колективниот постапувач овозможуваме услови со поставување на комунална инфраструктура и подобрена услуга, а обврска на граѓаните е да ги користат контејнерите за одлагање на ситен електричен и електронски отпад, како и батерии и акумулатори“- изјави за медиумите, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.
Упатувајќи апел до граѓаните да бидат коректни и да ги користат најблиските контејнери за ситен електричен и електронски отпад, директорот на јавното претпријатие Рубинчо Абрашоски, се осврна на штените материи кои ги содржат овие искористени уреди и потребата тие да се каласифицираат за понатамошна употреба, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

„Не смееме повеќе да го мешаме ситниот електричен и електронски отпад со останатиот комунален отпад. Овој вид на отпад содржи високо токсични елементи како жива, олово, литиум и кадмиум кој се високо ризични доколку и понатаму завршуваат на депонија или исфрлени во природа. Затоа, упатувам апел до граѓаните овој вид на отпад да го сметаат како ресурс и во иднина да ги користат контејнерите кои ќе бидат поставени на 24 локации. Граѓаните можеби ќе се прашуваат зошто локациите се подалеку од нивните домови. Но тоа е насекаде така во европските градови, да ги депонираат овие специфични категории на отпад само на неколку локации. Сметам дека нема да им претставува проблем на граѓаните, при поминување пеш, или со автомобил да застанат на било кој пункт и ја одложат искористените електрични и електронски апарати,батерии и акумулатори наменета за контејнерска селекција. Додека, согласно Законот за управување со електричен и електронски отпад, обврска на градаоначалниците на општините со над 60.000 жители да одредат две локации и за големите апарати од електронски и електричен отпад. Тие две локации се во кругот на платото за селекција на отпад , на ул„Трајко Николоски“ бб, или попозната за граѓаните како механичка работилница до Терминалот, а втората локација ни е до депонијата во Алинци, со складирање во малата изградена хала. Покрај обврската на градоначалникот да обезбеди локациски услови, согласно Закон, должни се и производителите и трговците на овој вид на отпад да имаат организирано бесплатен поврат кај нив“- рече директорот на ЈКП„ Комуналец“, Рубинчо Абрашоски.

Според, Законот за управување со електричен и електронски отпад, Градоначалникот на општината, е должен да го организира одделното собирање на отпадната опрема од домаќинствата, да организира нејзино собирање од овластен давател на услуги за собирање, да определи и организира собирни пунктови за одделно собирање на отпадната опрема во собирни центри или други времено определени локации на целата територија на општината, каде крајните корисници ќе можат бесплатно да ја оставаат отпадната опрема од домаќинствата.
Покрај собирните центри кои се законска обврска да ги формира и одреди градоначалникот на општината, согласно Законот за проширена одговорност на производителот, обврска е на трговоцот со електричен и електронски отпад е да имаат организирано систем на бесплатен поврат кај нив на електричниот и електронски отпад, а за таа цел тровецот треба да има создадено услови за собирање на овој вид на отпад. Трговецот е должен да обезбеди простор или место за повратен прием на отпадната опрема од домаќинствата од крајните корисници, во својот продажен простор, или друго место за преземање. Трговецот во договор со производителот може да овозможи повратен прием на отпадната опрема од домаќинствата на место за собирање, кое го обезбедува производителот, самостојно или преку колективен постапувач.

Двата закони, Законот за управување со електричен и електронски отпад и Законот за проширена одговорност на производителот, даваат јасни насоки, со кои покрај општината, најголема одговорност за собирање на овој вид на отпад имаат производителите на електричен и електронски отпад, трговците и колективните постапувачи. Ова со цел да се заштити животната средина од понатамошно оптеретување на природата со штетните супстанци. Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.
Националните цели на Република Македонија за собирање на отпадна опрема од просечната маса на опремата пуштена на пазарот во Република Македонија во претходните три години се:
- во 2022 година – 25%,
- во 2023 година – 30%,
- во 2024 година – 35%,
- во 2025 година – 40%,
- во 2026 година – 45%,
- во 2027 година – 55%,
- во 2028 година – 65%.
Овие цели на национално ниво ќе морааат да се постигнат, токму заради последното поглавје од преговорите со Европската унија.
Локации за контејнери од прва испорака, опфатено поширокиот дел од централното градско подрачје и поголеми населби. (поставени)
- Пункт тринасет катница
- Пункт Уред
- Пункт универзална сала
- Пункт булевар’’ Гоце Делчев’’накај Липа, претпоследен пункт
- Пункт булевар ,, Гоце Делчев’’ , последен пункт наспроти Џими – маркет
- Пункт Точила под пазарче
- Пункт Димо Наредникот – паркинг накај Шопе
- Пункт Александар Македонски – стадион
- Пункт стара автобуска до мост покрај ново отвроната улица
- Пункт Табана – паркинг зграда
- Пункт градски пазар од кај катна гаража
- Пункт Типска населба – парк
Локации за контејнери за втора испорака опфатено населби ( во текот на месец септември)
- Пункт Могила/ хотел Салида – кај оградата
- Пункт кај Економско училиште/ алтернатива Рампо Левката
- Пункт кај паркинг фабрика 11 октомври
- Пункт Точила- згради паркинг од кај Света Петка Ц3
- Пункт Самоилова кај интернат
- Пункт Економски факултет
- Пункт Тризла меѓу градинка и ОУ,, Добре Јованоски’’
- Пункт Александар Македонски – накај Лук Оил ( да се одреди локација да не биде на велосипедска патека)
- Пункт Вишне кај Месна заедница / алтернатива покрај река повидливо
- Пункт згради Ѓогдере – видлив пункт од кај река
- Пункт болница или Петта прилепска