Се чистат диви депонии како и дел од речното корито на крајот од ул„Андон Слабејкоски“

Денеска, по планот за чистење на ѓубришта и диви депонии низ градов се чисти по кејот и во неурбанизираниот дел од Градската река, на потегот од железничкиот надвозник на ул„Андон Слабејкоски“ со спојот на ул„Трајко Николоски“.

Се замолуваат возачите во текот на денов и утрешниот ден да го избегнуваат овој потег за сообраќај, од хигиенски причини, заради градежната механизација која работи на овој потег, но и транспортот кој треба да се изврши на насобраниот отпад до депонијата во Алинци.

Можеби ќе ви се допадне