По рачното чистење на камените sидови по Дабнички канал, од треви, троскот и шипови, „ЈКП Комуналец“ – Прилеп, од денес врши чистење со градежни машини на
коритото на потегот од мостот кај касарната, до вливот со Оревоечка река. По ова ќе се врши транспорт на отпадот во депонијата „Омец“ кај Алинци.
Од каналот се чисти најразновиден отпад исфрлен од несовесни грѓани, но и голема количина на тиња која мора да се исцеди пред транспорт.
Се информираат жителите кои гравитираат на овој потег, дека по завршувањето со чистењето и транспортот на отпадот, улиците ќе се исчистат и измијат од страна на
комуналните служби.
Се апелира и до граѓаните, а посебно до возачите на 18, 19 и 20 октомври, да ги одбегнуваат двете улици по кејот, односно улиците „Бранко Секулоски“, и Кеј 19 Септември,
заради работата со градежни машини, транспортни возила, но и исцедокот од собраниот отпад.