Секојдневна слика по кејот

Се замолуваат граѓаните кои гравитираат со своите живеалишта околу Дабничкиот канал, да не го оставаат исчистениот отпад од дворовите по кејот, зашто истиот го подига ,,Комуналец” од домовите. Оставениот отпад од граѓаните на јавните површини секојдневно го чистат комуналците, но ред е да научиме дека отпадот го чува создавачот на отпад до подигањето со редовната линија, или со најава за земање на дополнителен комунален отпад. Со ваквите постапки несовесните граѓани го нарушуваат визуелниот изглед, но и вршат загадување на животната средина.

За градежен шут, и отпад од градење да се обраќаат до „Комуналец“, каде на располагање имаат трактор по цена од 620,00 денари, и контејнер од 5м3, со услуга од 1360,00 денари, или самостојно да го транспортираат до депонијата во Алинци, каде влезот за депонирање не се наплаќа. Или, доколку граѓаните сакаат да порачаат приватен транспорт, обврска на транспортерот е да го депонира отпадот во депонијата во Алинци.

048/428-992
presskomunalec@yahoo.com
komunalecprilep@yahoo.com

Можеби ќе ви се допадне