По обилните дождови кој го зафатија реонот на Тризла и Варош, екипи на ЈКП„Комуналец“ -Прилеп, се на терен и расчистуваат поголеми наноси од отпад, песок и тиња. Во текот на вчерашниот ден се работеше на потегот на улицата Тризла кај џамијата, каде се чистеше поголем нанос, кој се јавува при секои поголеми врнежи. Днеска екипите се зголемени и се работи на товарање и транспортирање од на носите, метење и миење на улиците.
„Денеска ги зголемивме екипите кои работат на овој дел од градот. Ќе се метат и собираат помалите наноси, а воедно ќе се мијат улиците„Тризла“ како и делови од улиците„Мице Козар“ и „11 Октомври“. И покрај широкиот опфат на нашата дејност, како и обемот на работата која ја имаме, ова е дополнителна работа за комуналците, но верувам дека во текот на неделава трите улици ќе бидат комплетно исчистени“ – изјави в.д директорот Звонко Јованоски.
На новинарско прашање, дали дел од проблемот би го решиле ободните канали кои претходната локална власт ги заговараше со години, а кои канали мораат да ги регулираат атмосферските води од Маркови Кули и Селечка, Јованоски рече: „Со оглед на тоа што дождовните води течат низ улиците на населбата Тризла, од поодамна се заговараше да се изградат ободни канали околу градов. И додека градот нема решение со ободни канали, Комуналец, секогаш ќе има полни раце работа при секои поголеми врнежи. Ние како комунално претпријатие не бегаме од одговорноста дека чистотата на градот зависи од нас, и само од нас, но поминале многу години и не се нашло решение за овој проблем. Приоритет на Локалната власт која владееше 12 години требало да бидат овие канали. Како Јавно претпријатие од јавен интерес, секогаш сме подготвени да делуваме таму каде што има проблеми, појавени од било која природа. За ваквите поголеми оператифни зафати„Комуналец“ троши средства и човечки ресурси, но да го ставиме ова како секундарно, примарно во ваквите поплави, иако ова беше од помал обем е, здравјето на луѓето“.