Се кастрат ниските гранки на дрвјата по дрворедите

Заради безбеден протокот на луѓе, но и заради естетски изглед на дрвјата, започна второто ниско кастрење на дрвјата по дрворедите. Според стручните служби, со второто кроење, се постигнува и заштита на вегетативниот процес, зашто поголемиот дел од дрвјата се застарени.

Високо кроење ќе се изврши само на дел од дрвјата околу плоштадот „Александрија“ пред престојниот Пиво фест. Инаку, градов располага со 1259 високорастечки листопадни и зимзелени дрвја и над 1500 украсни зимзелени и грмушкасти растенија.

Можеби ќе ви се допадне