Комуналците беа уверени дека ако се превземат поголеми активности со рамнење, уредување и засадување на дрвја по течението на Дабнички канал, ќе престане лошата навика за исфрлање отпад по кејот на каналот. Иако по Дабнички канал редовно се одржува со чистење и косење, а засадените дрвја веќе добро вегетираат, сликата е очајна со секојндневното исфрлање на купишта отпад.
Додека поедини граѓани се мачат да го исфрлаат отпадот на јавните површини, доволно ќе биде да се потрудат да го спаковаат и остават да се подигне со редовната неделна линија, безразлика на количините, освен градежениот шут.
За поголеми количини од гранки и габаритен отпад граѓаните да се јават на тел. 048/428-992, овој отпад се собира бесплатно со посебна линија. За категоријата инертен отпат (градежен шут и отпад од градење) граѓаните се должни да порачаат контејнер од 5м3 со цена од 1.369 или трактор со цена од 620 денари.