ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ги информира корисниците на услуги дека од 23 јули, започнува со склучување на договори за заостанат долг на одложено плаќање за сметките од 2020 година и заостанати неплатени сметки од претходни години, кои се утужени, и за кои тече законската затезна камата.
Во интерес на корисниците на услугите е да склучат Договор со комуналното претпријатие со што би го намалиле заостанатиот долг на рати, вклучително и законската затезна камата.
При склучувањето на договорот странките со себе да понесат лична карта од носителот на услугата. Согласно препраките од Комисијата за здравство и обострана заштита од Ковид -19 странките при влезот во просториите на „Комуналец“ да носат заштитна маска.
ЈКП„КОМУНАЛЕЦ“
ул„Питу Гули“ бр.2А