ЈКП„Комуналец“-Прилеп, работи на кастрење на дрвјата во населбата Ѓогдере, со цел да овозможи терен и да започне изградбата и обновувањето на парковските површини околу станбениот блок во населбата Ѓогдере.
Целосно ќе се обновува тревнатиот дел, планирано е да се поставуваат нови клупи и корпи за отпадоци, по потреба и детски реквизити за забава на најмладите.
Во населбата е ископан бунар за технолошка вода и поставена инсталациона мрежа за полевање на парковит. Оваа пролет, населбата Ѓогдере ќе добие комплетно нов изглед.