Дали уште треба да се однесуваме несовесно со отпадните материјали

И покрај молбите од „Комуналец“ до бизнис секторот (во случајов кабелските оператори) по нивната интервенција и завршувањето со работа остатоците од отпад (кабли, жици, дотраени апарати) да ги собираат и да ги одложуваат во посебни садови, тие и понатаму овој вид на отпад го оставаат на местото на работењето или го исфрлаат на друго место, често користејќи ги и контејнерите, што е недозволиво согласно законската регулатива.Во нашиов случај, кабелските оператори оставаат остатоци од отпаден материјал најчесто на местото на работа. Се надеваме како комунално претпријатие кое се грижи за чистотата во градов во иднина дека и кабелските оператори ќе се грижат за правилно сортирање и одлагање на овој вид на отпад.

Уште еднаш да кажеме дека согласно законот за управување со електрична и електронска опрема, и отпадна електрична и електронска опрема, кабелските оператори должни се одвоено да го собираат овој вид на отпад.

Член 14
Забрани за оставање
Забрането е отпадна опрема да се предава или остава како несортиран комунален отпад.

Можеби ќе ви се допадне