ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат корисниците на услуги на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, по прогласената пандемија на вирусот Ковид-19 (корона вирус), а согласно препораките од Министерството за здравство и Локалната самоуправа, а во насока и превенција од ширење на болеста, кај одредени служби граѓаните да користат електронска комуникација заради превенција на странките и превенција на вработените.

Редовно ќе работат со зголемен степен на чистота, службите за подигање на отпад и јавна чистота, како и наплатниот шалтер во центарот на градот, каде не е можно да исклучиме физичко присуство. Останатите служби каде може да се примени услуга по пат на телефонско јавување и електронска комуникација, ќе бидат во Ваша услуга во секое време.

За секоја пријава, проверка на сметка и фактура, барање од било кој вид, граѓаните можат да се јавуваат на мобилните телефони од раководителите на сектори објавени на веб страницата: komunalecprilep.com.mk, фиксниот телефонски број: 048/428 992, преку Фејсбук страницата со порака и емајл: [email protected], [email protected] Ќе Ви биде одговорено веднаш и услужени без да доаѓате во просториите на „Комуналец“

Можеби ќе ви се допадне