Наместо зелен појас, надвозникот кај Салида повторно затрупан со отпад

Сакајќи да го заштити ова прометно и видно место од неконтролирано исфрлање на отпад, по чистењето на дивата депонија, комуналците засадија дрвја од кои едвај се останти мал број. Младите садници се изгазени, искршени и уништени со транспортните возила од несовесните граѓани. Наместо формиран зелен појас, просторот кај надвозникот повторно се затрупува со разноразен отпад.

Уште еднаш да потенцираме дека одредени категории на отпад (земја, камен, стакло, дрво, железо, кабаст отпад) што неможат да се подигнат со редовната линија, граѓаните самоиницијативно слободно можат да го транспортираат до депонијата во Алинци. Влезот е слободен до 14 часот, а депонијата од градов е одалечена 12 километри.

„Комуналец“ со оваа мерка на слободен влез во депонијата без наплата, очекуваше некои граѓани да стекнат ука дека отпадот има свое место за депонирање(безплатно), но и покрај тоа, некои лоши навики најверојатно тешко се надминуваат.

За градежен шут, и сите видови на отпадни материјали при градење, реновирање или поголеми зафати на чистење на дворови, бавчи и домови ,,Комуналец,, испорачува контејнер од 5м3 со цена од 1360 ден. За кабаст оптпад организирана е редовна линија за подигање и транспортирање секој четврток со најава од граѓаните (бесплатно).

Можеби ќе ви се допадне