Исечени и отстранети уште три стари и дотраени дрвја на ул„Прилепски бранители“

КП „Комуналец“ – Прилеп, ја информира јавноста дека утрово исече и отстрани уште три стари и дотраени дрвја на ул„Прилепски бранители“, по издаденото Решение од Комисијата за сечење на дрвја формирана од Локалната самоуправа.

„Дивите костени се со дотраен безживотен корен и оштетно стебло, и претставуваа потенцијална опасност за минувачите и возилата“ велат стручните лица од „Комуналец“ и додаваат дека нетреба да се создава сомнеж кај граѓаните и непотребни коментари, зашто низ годините комуналците имале случаеви кога при ветрови и дождови од вакви дотраени дрвја е причинета значителна материјална штета, а понекогаш и доведени човечки животи во опасност.

Со изградбата на новиот булеварски дел на местата на пресечените ќе се засадат нови дрвја, а целиот простор ќе претрпи големи измени со хортикултурното уредување.

Заради непотребните коментари во јавноста, и нарушување на угледот на „Комуналец“ во прилог фото галерија.

Можеби ќе ви се допадне