Над 250м3 отпад се транспортира од дивата депинија над касарната

Иако оваа локација низ годините комуналците ја чистат на неколку наврати, лошата навика на одредени граѓани за исфрлање на отпад на диви депонии никако да престане.

Отпадот се исфрла до самите куќи на крајот од улицата „Ердован Шабаниски“,и до оградната жица од касарната, што создава непријатна слика и неподнослива миризба.

По колскиот пат околу касарната се движат многу запрежни коли и моторни возила и многу лесно можад да се откријат несовесните граѓани кои континуирано ја загадуваат животната средина.

Но, „Комуналец“ нема таква надлежност, па останува на комуналците да чистат диви депонии, да апелираат и да ги молат граѓаните сиот отпад да го предаваат на „Комуналец“ собран во канти за отпад, или во вреќи.

Можеби ќе ви се допадне