Земјите-членки на Европската Унија забранија употреба од пластика за една употреба

Со новиот закона за пакување ЕУ очекува да се намали количеството на отпад за една употреба кој неможе да се рециклира. Меѓудругото, со законот се опфатени прибор за јадење од пластика, чинии од пластика, сламки, чаши, вклучително и капачиња за чаши, чепкалки за уши и пластични држачи за балони. Освен тоа, забраната важи и за пакувања за храна за носење од стиропор, како и чаши од стиропор.

Законот дозволува натамошна употреба на влажни марамчиња, влошки, тампони и производи од тутун со филтер, но тие во иднина треба на пакувањето или на самиот продукт да имаат и информации за содржината, како и да биде наведено какви последици за животната средина би имало неправилно постапување по нивната употреба.

Македонија предничеше со наредбата за „забрана“ на пластичните кеси донесена од Министерството за животна средина во 2008, 2009 и 2011, секоја сѐ повеќе разводнета од претходната, и со сѐ повеќе дупки низ кои реално гледано, на терен ништо не се смени. Министерството за животна средина во моментов подготвува измени на законот за управување со отпад со кој ќе се регулира само увозот на отпад.

Многу Граѓански здруженија работат на проблематиката со отпадот и заштитата на животната средина. И покрај сите напори кои ги прави ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, да се селектира се што може да се рециклира, општ впечаток во државава е дека отпадот наместо да ни биде на прво место за негово намалување со депонирање, останува сеуште тема на која многу малку се работи, како од надлежното министерство, медиумите, стопанството, а тука вклучително и граѓаните кои можад да бидат предводници во зачувувањето на животната средина.

Прилепски „Комуналец“ и понатаму останува на заложбата за селекција на отпад и сеуште на ниво на држава според статистиката од „Пакомак“ рециклира отпад колку и сите останати градови, вклучително и градот Скопје. Според Ревизорскиот извештај од ноември 2020 година, само ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, нема забелешки во делот на селекција на отпад од пластика, туку има позитивни препораки да се истрае на зацртаниот пат за чиста животна средина во Општина Прилеп.

Можеби ќе ви се допадне