Комуналец започна со генералка на градов

Рано утрово, „Комуналец“ започна со генералка на градов

Со покачувањето на температурите и најавата од хидрометеоролозите за дневни температури и до 20 степени, комуналците започнаа со миење на улиците, булеварите и плоштадите низ градов, кои се опфатени со Програмата за одржување на јавно прометните површини.

Миењето на улиците од прашина и ризла ќе продолжи и во наредните денови со цел да се искористи убавото време и да се опфатат што поголем број на улици.

Се замолуваат возачите и пешаците за стрпливост и корекност спрема вработените од „Комуналец“ при извршувањето на оперативната работа.

Можеби ќе ви се допадне