Комуналец, изминатиов месец работеше на сечење и кастрење на стари проблематични дрвја. Покрај во градов, дотраени стебла и гранки, комуналците сечеја и во повеќе населени места од општинава.
Старите проблематични и исушени дрвја „Комуналец“ ги сече со издадено Решение од Локалната самоуправа, од Комисијата за сечење на проблематични дрвја, во која членуваат и стручни лица. Барањата граѓаните ги доставуваат до Локалната самоуправа, а од кога ќе се добие Решение „Комуналец“ ја завршува теренската работа. Комисијата има право да одредува и кои дрвја по Јавно прометните површини, претставуват потенцијална опасност по животот и имотот на граѓаните.
Со кординарана акција и екипираност месецов, комуналците работеа на над стотина решенија, издадени од Локалната самоуправа.