Ирена Станковска, по вокација дипломиран економист, е новиот в.д. директор на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп. Станковска, на местото вршител на должност доаѓа од раководно место од Секторот за финасии при Локалната самоуправа, со дваесет годишно работно искуство, и важи за добар познавач на состојбите во најголемото јавно претпријатие во градов.
Финасиската стабилност на претпријатието, но и согледување на опертивните работи и проблеми кои настануваат во тековното работење и делување во трите битни Сектори: Секторот за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Секторот паркови, зеленило и јавно прометни површини, и Секторот за управување и уредување на гробишта, ќе бидат под опсервација на новата в.д. директорка, за да се продолжи со понатамошното подобрување и крајна стабилизација и модернизација на Комуналец .
Досегашниот вршител на должност, Звонко Јованоски, ќе биде советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија. Јованоски, како прв човек на Комуналец беше една година.