Комуналците го уредуваат задниот дел од зградите во населбата Бончејца

И покрај огромните обврски кои ги има „Комуналец“ во делот на извршување на Оперативниот план, деновиве се работи и на задниот дел од зградите во населбата Бончејца. Огромни корења од дрвја се корнат кои беа оставени подолги години за одстранување од површините. По ова ќе се изврши и рамнење на терените со цел на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живеење. Воедно, се врши и кастрење на дрвјата, а се одстрануваат и дивите израстени подникци од грмушкастите растенија.

Со оглед на постојаните врнежи и бујната вегетација, годинава комуналците имаат дополнителна работа скоро во сите населби во градов и бараат разбирање од граѓаните во делот на нивната услуга, зашто годинава се работи и на локации кои никогаш не биле одржувани.

Можеби ќе ви се допадне