Комуналците деновиве ќе вршат генералка во Варош. Ќе се заменуваат дотраените штафни од Амфитеатарот, ќе се извршува поправка на одредени делови, бојадисување на клупите и детските реквизити, а во тек е и генералното чистење во оваа населба.
Населбата Варош се одржува континуирано од страна на „Комуналец“ но, на одредени делови од амфитатарот и детското игралиште несовесни граѓани постојано прават оштетувања. Населбата е од огромно значење за градов и граѓаните како од културен, така и од историски аспект.
Од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, со молба до варошани и посетителите, да се однесуваат совесно спрема општестевните добра.