По иницијатива на Граѓанското здружение „За почиста Македонија“, активисти на граѓански здруженија, велосипедисти, извидници, како и љубители на природните убавини исчитија поголем дел од Топташ и Шаторов камен. Акцијата беше поддржана и од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ каде вработените беа задолжени за собирање на кесите си ѓубре, утовар и транспорт до депонијата во Алинци, каде беа транспортирани големи количини на ситен отпад.
И покрај апелите на јавното претпријатие дека сите граѓани кои создаваат отпад во природа, истиот треба да го вратат назад и го одложат во најблискиот контејнер или во сопствените канти за отпад, оваа немила појава никако да престане.
Чистењето на овие две локации е во рамките на проектот „Еко турнеја Македонија – не за ѓубре, да за акција“.