По целосното уредување на паркот во населбата Кузман 3, се изврши осветување на параклисот

По иницијатива на месното население и нивен самопридонес се изгради и освети параклисот посветен на Св „Ѓорѓи“. Израден е летниковец, ископан бунар за техничка вода за наводнување на паркот, обновена е тревнатата површина, засадени се украсни зимзелени растенија, реновиран е детскиот парк и поставена сигурносна ограда околу паркот.

На овој свет чин присуствуваа граѓаните од населбата, претставици од Локаланата самоуправа и „Комуналец“, како и претставиници од повеќе политички партии.

Ова е еден добар пример на соработка на месното население со „Комуналец“. Комуналците и понатаму ќе продолжат со обновување на веќе постоечките паркови, како иизградба на нови.

Можеби ќе ви се допадне