Според христијанскиот обичај граѓаните на Прилеп, посебно за Воскресението Христово – Велигден, ги посетуваат гробовите каде се погребани нивните најблиски било тоа да се старите или новите градски гробишта.
Иако гробиштата се одржуваат секојдневно, во пресрет на празникот и оваа година вработените во Јавното претпријатие Комуналец спроведоа повеќедневна акција за генерално чистење на старите и новите градски гробишта. Се извши косење на сите парцели со помош на единицата од паркови и зеленило, уредени се патеките, собран е отпадот од косената трева и лисја, уредени се влезовите и паринг просторот.
Ова е втора акција која Комуналец ја спроведе за чистење на Градските нови и стари гробишта, по онаа на почетокот на март, кога со помош на Секторот паркови и зеленило, вработени во јавната администрација и граѓани доброволци, беше спроведено темелно чистење на Градските гробишта. Со акцијата, комуналците сакаа да покажат дека гробиштата заслужуваат поголемо внимание, зашто почитта спрема починатите лица, можеме да ја изразиме само со уредени и чисти гробишта.
Инаку за обемниот зафат говорат податоците дека новите градски гробишта зафаќаат оградена површина од 295.542 м2. Од нив под гробишта отпаѓаат 93.074 м2 на кои има 14.316 гробни места.
Воедно, од Комуналец и апел и повик до граѓаните кои деновиве пред Велигден ќе сакаат да ги исчистат површините околу гробните места, собраниот материјал, да го одлагаат во корпите за отпадоци и контејнерите. Воедно, и за вереме на посетата за Велигденските празници граѓаните да водат сметка каде ги одлагаат отпадоците.