Чистење на Дабничкиот канал

Според оперативниот план за работа, комуналните работници повторно го чистат Дабничкиот канал на потегот од мостот кај касарната, до вливот во Оревоечка река. Со рачен алат се чистат камените sидови од трева, коров и шипови. По ова камените sидови се мијат со цистерна за да се намалат плевелите. Насобраниот отпад ќе се транспортира во депонијата во Алинци.

Се замолуваат граѓаните да покажат еколошка свест и да не фрлаат отпад во каналот. Воедно, исчистениот отпад од дворовите да не го оставаат по кејот, зашто истиот, без оглед на количините го подига „Комуналец“ од домовите. Само со развиена свест и работа сите заедно ќе допринесеме за чист и зелен Прилеп.

Можеби ќе ви се допадне