Апел

Контејнериите за мешан комунален отпад зјаат празни, вреќите со отпадоци од хартија и остатоци од храна редовно се оставаат до контејнерите, наместо во нив. Случај на несовесно и некоректно однесување на пунктот контејнери позади поштата. Доколку се сака да се покаже добра воља и остатоците од храна да се остават за кучињата скитници или мачки, нека се одвои корисната храна од хартијата.

Фотографиите се направени вчера во 17:00 часот.

Иако, прстот редовно се вперува кон „Комуналец“, ред е да започнеме да бидеме малку и самокртични.

Уште еднаш да информираме дека замастена хартија и салфетки од храна не се рециклираат, туку се исфрлат во контејнерите или кантите за мешан комунален отпад.

Можеби ќе ви се допадне