Ѓубре низ старата чаршија

Зошто ѓубрето во вечерните часови е по булеварот и низ уличките од Старата чаршија?

Одредени дуќанџии, стопанственици и јавната администрација, и покрај сите апели, молби и лична достава на информација со барање до посочените каде да го одлагаат отпадот, и понатаму не се почитува правилото за одлагање на отпад во контејнери или во канти за отпад, туку вреќите со отпад се оставаат до корпите за отпадоци, во нив, или до сијаличните столбови, не ретко и во зелените површини.

Покрај пунктот со контејнери поставен на паркингот до зградата од Општина Прилеп, ..Комуналец,, овозможи уште два пункта позади зградите и канти за отпадоци поставени до даночното одделение и УЈП.

Работното време на комуналните работници е до 19 часот. Втората смена работи на чистење на плоштадите , тротоарите парковите, и чистење на корпите за отпадоци поставени за минувачите. Дали за ваквото несовесно однесување ,, Комуналец,, треба да ангажира дополнителен број на работници и кој ќе го плати сето тоа? Дали несовесното однесување на поединци ( кои не се во мал број) треба да го сносат сите граѓани?

Ред е секој да го стави прстот на умот и да има исаф. Ред е!

Можеби ќе ви се допадне