Со цвеќе од сортата тагетис и петунија и разновидни зимзелени и украсни растенија, се уредуваат зелените и цветните површини во центарот на градот и паркот кај судот.
Комуналец, ги започна пролетните активности за разубавување на градов. Се засадуваат со цвеќе постојните алеи, а се отвораат и нови алеи за цвтен расад.
Засадени се 300 садници зимзелени растенија, а ќе се обновуваат и оштетените тревнати површини.