По последните поголеми оштетувања од несовесни граѓани на реквизитите, но и оштетувања од дотраеност, од денеска комуналните работници работат на обновување на реквизитите во комплексот Вештачко езеро.
Воедно, од поплавите беа оштетени и бекатонските патеки, кои исто така беа поправени.
Се замолуваат граѓаните кои го посетуваат комплексот за спорт, рекреација и забава на Вештачкото езеро да внимаваат и ги чуваат општите добра.