Демант од ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, и директорот Рубинчо Абрашоски, по објавата на граѓанинот Влатко Атанасоски

Демант од ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, и директорот Рубинчо Абрашоски, по објавата на граѓанинот Влатко Атанасоски, порталот Народен Глас и Здружението на граѓани Маркукуле.мк

Објавите на порталите „Народен Глас“ и „Маркукуле.мк“, преземени во целост од фејзбук статус од граѓанинот Влатко Атанасоски, објавен на 12 јули во 10:35 часот, со наслов „Како функционира лонгета коалицијата во Прилеп“, која објава порталот Народен глас ја пренесува во целост, го користи истиот наслов и се повикува на објавениот Фб статус на Атанасоски. Додека „Маркукуле. мк“, креира нов наслов „Советник од СДСМ лапал тендери, опозицијата молчи“, овој портал пак се повикува на објавата на порталот „Народен Глас“, каде лично е наведен директорот Рубинчо Абрашоски, кој раководи со ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, дека „дебело“ соработува со фирмата на еден од најистакнатите советници од СДСМ во Советот на Општина Прилеп, Никола Мариноски.

Атанасоски , без да се обрати до јавното преторијатие, или да побара средба со директорот Абрашоски, се повикува на Договорите кои се јавно достапни на Бирото за јавни набавки, при тоа објавуваќи нецелосни, неточни и замајувачки информации, кои во секој случај така објавени ја збунуваат јавноста и ја доведуваат во заблуда. Тој во објавата наведува дека – ,, Прилепски Текстилен Конзорциум на чело со Николче Мариноски, има склучено договори за јавни набавки за ветеринарни услуги и замислете за набавка на храна за птици во вкупна вредност од 2.537.000,оо денари, или преку 40.000 евра, само за овие три договори( има и други договори)’, не наведуваќи ниту за која година или за кои години се однесуваат овие произволни финасиски средства’.

Порталот „Народен Глас“, без да ја провери нецелосната, необјаснета и конфузна објава на фејзук статусот од сограѓанинот Атанасоски ја објавил на својот портал со што изврши негативно влијание на угледот на претпријатието , истото го направил и порталот „Маркукуле.мк“, кој пак, обвинува за соработка помеѓу првиот човек на претпријатието и советникот од СДСМ Мариноски.

Со ваквиот непрофесионален однос на објави, каде во целост треба да се објават трите јавни набаваки кои ги спровело јавното претпријатие, а не како што стои „некои други набавки“, или,истите дополнително ја доведуваат јавноста во сомнеж, како е можно јавното претпријатие само за храна за птици да потроши 2.537.000 денари. Зошто во објавите не стои дека во текот на календарската година се извршуваат три различни јавни набаваки со горенаведените финсиски средства, но зошто и не е објавено, или побарано информација колку потрошило јавното претпријатие.

На јавноста да и стане појасно за што станува збор, и дали правилно се трошат, се штедат јавните пари, или се злоупотребуваат, ги објаснуваме во целост објавените огласи во 2022 и 2023 година, но и колку јавното претпријатие потрошило од планираното.

  • Во 2022 година за Јавна набвака за втеринарни услуги имало 4 понуди од фирмите: Прилепски Текстилен Конзорциум, Медика Вет, Максераја, и Ветринарната амбуланта Дамески. По електроснката акукција за најниска понудена цена е избрана фирмата Прилепски Текстилен Конзорциум во износ од 1.180.000 денари со вклучен ДДВ. Од вкупно планираните финасиски средства во 2022 година, јавното претпријатие потрошило само 298.027 денари со вклучен ДДВ. Или, 881.973 денари не се потрошиле и останале во касата на „Комуналец“, за да бидеме обвинувани за коалициски или други интереси со наведениот Мариноски.
  • Во 2022 година за јавна набавка за храна за кучиња, птици и добиток, која набавка има два дела во дел 1 – храна за птици и добиток, постапката е поништена зашто немало поднесена ниту една понуда. За дел 2 храна за кучиња склучен е договор за јавна набавка со „Прилепски Текстиелн Конзорциум“ – Прилеп, на вкупен износ од 177.000 со ДДВ, и од истиот реализирани (потрошени) се 85.403 денари со ДДВ.
  • За набавка на храна за птици и добиток, е спроведена нова постапка (2 пат), која исто така е поништена поради неподнесна ниту една понуда, при што се спреведува уште една нова постапка (3 пат) на која е поденсена една понуда и склучен е договор со „АГРОФООД“ ДООЕЛ Прилеп. Договорот е склучен на износ од 339.864 денари со вклучен ДДВ. Заклучно со 19.07.2023 година. Реализирани (потрошени средства) се 83.159 денари со ддв. Или, од вкупно планираните 1.696.864 денари за 2022 година, потрошени се 466.589 со вклучен ДДВ. За какава соработка, дилови, или дебели соработки е обвинето јавното претпријатие и првиот човек, кога процентот од планираното и потрошеното е една третина.
  • Во 2023 година е објавен оглас за јавна набавка за ветеринарни услуги, на која е поденсена една понуда од „Прилепски текстилен Конзорциум“ – Прилеп. Постапката најнапред е поништена согласно неарални цени на пазарот. При што економскиот оператор „Прилепски Текситлен Конзорциум“ – Прилеп, достави Жалба до Државна Комисија за жалби за јавни набавки. ДКЖЈН со Решение ја враќа постапката на повторна евалуација. Согласно на повторната евалуација ЈКП ,,Комуналец,,- Прилеп, донесе Одлука за избор на најповолна понуда и е склучен Договор со „Прилепски Текстилен Конзорциум“ – Прилеп. Договорот е склучен на износ од 1.180.000 денари со ДДВ. Заклучно со 19.07.2023 година реализирани (потрошени средства) се 120.998 со ДДВ.
  • Во 2023 година објавен е оглас за храна за кучиња. На огласот се пријавени две фирми: „Прилепски Текстиелн Конзорциум“ – Прилеп и „Гудиес“ од Скопје. Согласно спроведената Е-ауцкција, договорот е склучен со „Гудиес“ – Скопје. Договорот е склучен на 17.06.2023 со финасика вредност од 154.698 денари.
    Со објавените неразбирливи, непрофесионални и хаотични објави граѓанинот Влатко Атанасоски, и порталите „Народен глас“, „Маркукуле.мк“, кои целосно или делумно се повикуваат на ФБ статус, наштетуваат на угледот на јавното претпријатие, но влијаат и на интегритетот на директорот Рубинчо Абрашоски, кој е објавен како што стои во објавата за дебела соработка.

Ние како јавно претпријатие не можеме и не смееме да спречиме било кој граѓанин да учествува на било која јавна набавка, согласно Закон и осгласно дел 3, Подготовка на понудата подточка 3.1 Право на учество 3.1.1. цитираме: Право на достава на понуда има секокое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка. Дали советникот во Советот на Општина Прилеп, Николче Мариноски има судир на интереси, не е наше да одредуваме или одлучуваме, за тоа постојат повеќе институции и тела во државава кои треба да одлучуваат, на што се повикува и граѓанинот Влатко Атанасоски во ФБ статусот.

Наше е како што погоре објаснивме да ги штитиме и штедиме јавните пари. Со ова демантираме дека во јавното претпријатие се прават злоупотреби на јавните пари, дека се цени секој денар, на сите јавни набавки се гледа да се постигне најповолна цена и таа да биде во рамките на пазарната.

Со оглед што е извршено нецелосно и неточно информирање од страна на порталите „Народен глас“ и „Маркукуле.мк“, и е нанесена јавна штета на угледот на ЈКП„ Комуналец“ – Прилеп, како и на авторитетот и интегритететот на директорот Рубинчо Абрашоски, бараме во рок од 48 часа демантот да биде објавен на наведените портали со извинивање.

Извинување во рок од 48 часа бараме и од граѓанинот Влатко Атанасоски, заради објавување на неточни и со намера конфузни објави во негов објавен ФБ статус, со што исто влијае на угледот на јавното претпријатие.

Во спротивно, ќе бидат поднесени соодветни пријави пред надлежните институции за граѓанинот Влатко Атанасоски, и сопствениците на порталите „Народен Глас“, и „Маркукуле.мк“.

Можеби ќе ви се допадне