Со цел да се подобрат условите за престој на заловените кучиња, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, го доуредува дворното место и боксовите за престој.
Прекубројната популација на бездомните кучиња во општинава по заловувањето се сместуваат во Прифатилиштето, кое со правилно и хумано менаџираме од страна на вработените, успева да ја подобри сотојбата со бездомните кучиња.
Препораката на вработените сертифицирани заловувачи и ветеринари е жителите од Прилеп, иматели на кучиња да применуваат кастрација и стерилизација во комбинација со здравствена заштита и тоа: микрочипирање, третман против ектопаразити и вакцинација против Беснило. Тимот кој работи на оваа проблематика ги охрабрува граѓаните да се вклучат во решавањето на комплексниот проблем со бездомните кучиња во општинава, да вдомуваат бездомни кучиња и да соработуваат со пријавување:
тел. 048/428 992
емајл: presskomunalec@yahoo.com
www.komunalecprilep.com.mk
или со порака на ФБ страниците од „Комуналец“ и Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња.
Според законската регулатива, заловените кучиња по кастрацијата, чипирањето и медицинскиот третман се враќаат на местото на заловување, живеат во градот Прилеп, лоцирани во различни населби и се препознатливи по извршеното чипирање.