Рубин Абрашоски, е нов в.д директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески, изборот го направи од постојните вработени во препријатието, каде Абрашоски, изминативе 16 години е докажан професионалец во своето работење во струката. По вокација, Абрашоски е земјоделски инжењер, и досега ги извршува работните задачи како раководител на Одделението за хортикултура.
Неговото работно искуство во оперативниот дел, познавањето на сите сектори на ниво на претпријатие, како и познавањето на вработените, се гаранција да му се довери највисоката функција во јавното претпријатие, кое е од суштинско значење за функционирање на градот во делот на правилно тертирање и управување со отпадот, јавната чистота, одржувањето на паркови и зленило, управувањето и одржувањето на градските гробишта и ДООЕЛ „Терминал“ Комуналец Прилеп.
Абрашоски, доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Велески, кој поднесе оставка од функцијата.