Се чистат диви депонии во и околу населбата Тризла

И покрај нашите многубројни апели и молби за правилно третирање и управување со отпадот до одредени граѓани ниту стигнуваат пораките, ниту молбите. Се чини дека сеедно им е како изгледа нашиот град, нашата животна средина, местото во кое престојуваат и живеат.

Уште еднаш да потенцираме дека сиот отпад го собираат комуналните работници по принципот селекција на отпад ,,врата до врата,, со редовната планска линија по реони и улици.
Доколку се работи за отпад од категоријата градежен шут граѓаните можат да ја користат услугата со контејнер од 5м3 или трактор од 2м3.

За поголеми количини гранки од дрвја, поголема количина на зелен отпад, кабаст отпад и друго, граѓаните да се обраќаат до „Комуналец“ на тел: 048/428 992
Е-мајл: [email protected]
Со порака на ФБ страната
И на ВЕБ страната www.komunalecprilep.com.mk во „ПРИЈАВИ ОТПАД“ каде граѓаните имаат можност да пријават било каков отпад, или пак проблем кој им се јавува од делокругот на работата на јавното претпријатие.

Можеби ќе ви се допадне