Не поимина ни една недела од чистењето на Дабнички канал,а во него, и по горниот дел од коритото е расфрлано купишта отпад. Од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, апелираат до граѓаните и ги замолуваат, сиот отпад без разлика на количните, освен градежениот шут, го подига Комуналец од пред домовите. Со ваквото однесување се прави дополнителна работа на комуналците и финасиски терет на општината.
Инаку, Локалната самоуправа со логистика од комуналците, пред една недела комплетно го исчистија каналот, за што беше ангажирана градежна механизација и тешки теретни возила.