Според Пакомак, прилепски Комуналец е прв во Македонија со селкција на отпад.

Според официјалните податоци од Пакомак, Прилеп, е далеку пред другите градови во селектирањето на отпадот.

Во 2107 год. прилепски Комуналец, само преку Пакомак има регистрирано 936 тони селектиран отпад од пакување. Во табеларниот приказ кој ви е достапен може да се видат разликите, што, и колку Комуналец селектира само по основ на отпад од пакување. Или, од вкупниот селектиран отпад од пакување 1.565,75 тони на ниво на градови, Комуналец селектирал 936,1 тон, или 60 % од целокупниот селектиран отпад, евидентиран преку Пакомак. Ако се земе споредбата дека ЈКП„Комуналец“ -Прилеп во 2017 година само по основ на отпад од пакување продал 936 тони, додека ЈП„Комуналец“ – Битола 165 тони, разликата е очигледна. Граѓаните на Прилеп, селектирале 10 пати повеќе отпад од пакување во однос на Битола . Или, ако Комунална хигиена -Скопје, селектирала 92 тони во 2017, и ако се земе бројот на жители разликата е дури немерлива.

Во 2017 во првите три месеци ( јануари, февруари и март), Комуналец, балирал и извршил продажба на 178,7 тони слектиран отпад, додека во јануари, февруари и март 2018 година се балирани и продадени 187,3 тони селектиран отпад, што е за 10% повеќе, споредбено на тромесечје. Ова се показатели, кои се поттик за Комуналец, и заложба, да ја подобри работата во селектирањето на отпадот.

Со оглед на светскиот тренд за селекција и рециклирање на отпад, а следеќи ги примерите од регионот, општина Прилеп и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во 2018 година ќе се насочат да го подобрат процентот на распределени канти во домаќинствата, со што ќе се овозможи поголем дел од населението да има можност да се вклучи во примарната селекција на отпад.

 

Количини на собран отпад од пакување во соработка со ЈКП-2017

   

Отпад од пакување (тони)

    хартија пластика стакло метал вкупно
1 КХС 31,65 0,905 60,34 0 92,895
2 JКП Дервен 54,25 0 1,47 0 55,72
3 ЈКП Сопште 0 1,835 0 0 1,835
4 ЈП Комунално Струга 88,07 1,437 7,99 0 97,497
5 ЈКП Кичево 6,4 1,04 0 0 7,44
6 ЈП Охридски Ком. 109,16 0 7,84 0 117
7 ЈП Исар 9,714 15,08 3,12 0 27,914
8 ЈКПД Маврово 0,15 0 0 0 0,15
9 ЈП Комуналец Битола 160,458 3,87 1,6 0 165,928
10 ЈКП Тетово 41,86 0 0 0 41,86
11 ЈП Ком. Чистота Богданци 0 3,35 0 0 3,35
12 ЈПКД Полин-Дојран 3,2 0 9,4 0 12,6
13 ЈКП Пролетер-Ресен 0 0 3,25 0 3,25
14 ЈП Комуналец Прилеп 708,59 199,4 16 12,11 936,1
15 Комуна Крушево 0,06 2,15 0 0 2,21
Вкупно: 1.213,56 229,07 111,01 12,11 1.565,75
Можеби ќе ви се допадне