Иако, „Комуналец“ редовно работи со намален број на работници, комуналците неделава направија комплетно генерално чистење на Новите и Стари градски гробишта.
Искосени се зелените површини, исчистени се сите ободни канали, а на парцелите каде не беше воведена водоводна мрежа, поставени се чешми.
Голем број на граѓани ги посетуваат гробиштата за Велигденските празници, затоа од ,, Комуналеџ,, апелираат отпадоците да се одлагаат во корпите за отпадоци и контејнерите.