ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во текот на ноќта изврши дезинфекција на улиците и тротоарите кои се одржуваат согласно Програмата за одржување на јавно прометни површини.
Од „Комуналец“ ги информираат граѓаните дека со затоплувањето на временските услови, а согласно оперативниот план ќе продолжат со секојдневно миење на улиците, тротоарите и плоштадите.