Повторно се чисти дивата депонија накај Вештачко езеро.
Градежен отпад, отпад од градење, мебел, домашни апарати, разноразни пластика, па дури и мешан комунален отпад, може да се забележи во купиштата отпад кои денеска ги чисти јавното комунално претпријатие.
Иако, дивата депонија на патот за Вештачкото езеро беше исчистена на 15 ноември 2025 година, со Еко акцијата организирана од страна на Општина Прилеп и Јавното претпријатие, таа денеска изгледа разочарувачки. Граѓаните секојднено реагираат до Комуналец, а не поминаа ниту 5 месеци по чистењето, за несовеста во управувањето со отпад да ја гледаме на дело.
Директорот на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, Љубиша Јовановски со апел преку медиумите да проработи свеста и совеста кон животната средина, а парите кои беспотребно се трошат само за чистење да се пренаменат во материјални добра за сите граѓани.

,, За годинава општината има одвоено буџет од 4.200.000 денари, исклучиво за чистење на диви депонии. Верувам дека граѓаните, а посебно градежните фирми ќе покажат разбирање, и секој отпад кои самоиницијативно го одложуваат, а не припаѓа во категоријата комунален отпад ќе го одложат во депонијата во Алинци, каде за граѓаните влезот е слободен, со работно време до 15 часот. Неразбирливо е во 21 век, кога светските организации укажуваат секојдневно на последиците од неправилното третирање на отпадот, ние како граѓани да сме имуни и сеуште да поставуваме со отпадот на своја рака”, потенцираше Јованоски.
Уште еднаш ја информираме јавноста дека за било кој отпад можат да изнајмат контејнер од 5м3 по цена од 1360, оо денари, или трактор по цена од симболични 620,00 денари.
За габаритниот отпад јавното претпријатие има воведено бесплатна линија секој четврток и петок со претходно пријавување на тел: 048/428-992.
Секој отпад има свое место, а ние како одговорни граѓани да научиме да ја респектираме околината каде живееме.
Чисто е убаво!















