Култното место, таканаречено игралиште во стара Соколана, се чисти за да се стави во употреба. Ова препознатливо место за спорт, дружење на младите и детски игри со години е обраснато од самоник дрвја и шипови, како и купишта отпад создаван со години.
На иницијатива на Локалната самоуправа, комуналците со градежни машини и транспортни возила започнаа со чистење на просторот , кој се најдува до салата за пинг- понг, на ул„Мице Козар“.
Игралиштето во моментов се најдува во крајно лоша состојба, со распаднати трибини, кошови, стативи и голови кои повеќе ги нема и искршена подлога.
Последните турнири во кошарка на ова игралиште се одржани 2007 – 2008 година.







