Еко акција на Вештачкото езеро

НВО Станица 5 и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во Еко акција за чистење на излетничките шумски и зелени површини на Вештачкото езеро.

Во акцијата учествуваа доброволци Еко активисти кои чистеа се што оставиле граѓаните по мајските прослави. Собран е над 5м3 отпад и одложен на депонијата во Алинци.

Се замолуваат граѓаните кога го посетуваат ова место отпадот да го соберат и го одложат во контејнерите кои се поставени на три места околу Спортско рекреативниот комплекс „Езеро“.
Чисто е убаво и „Комуналец“, со Еко акција од НВО Станица 5 „Зелен петок“

Можеби ќе ви се допадне