Со градежни машини и рачен алат, Дабничкииот канал темелно се исчисти пред месец и половина, кога огромни количини отпад се транспортираа до депонијата во Алинци. Но, и покрај сите заложби на комуналците да овозможат чиста животна средина, сликата наместа е веќе очајна. Исфрлени телевизори, пластични гајби и кофи, облека и обувки, па дури и биоразградлив отпад, денска повторно се собираат од каналот.
И покрај сите апели и молби од „Комуналец“ за совесно однесување кон животната средина, и покрај сите информации дека било кој отпад и во било кои количини, освен градежниот шут, јавното претпријатие бесплатно го собира од местото на неговото настанување(дворовите), оваа немила појава никако да престане, за што, беспотребно се трошат пари и работна рака.