Промената на времето создаде поволни услови комуналните работници да продолжат со обнова и засејување на зелените површини низ градов и населените места.
Голем дел од уништените зелени површини низ парковите наредниов период, а се додека дозволуваат временските услови ќе бидат засејани со нова трева. Прилеп е еден од ретките градови во Македонија кој е усогласен со Законот за зеленило на јавни површини и поседува 241.772 м2 парковски и зелени површини, како и 20.230 м2 зелени површини во урбанизираниот дел на речното корито.