Гранки од кастрење на дрвја и лоза, отпад од храна, косена трева,отпад од облека,производи од пластика, најлон, пепел и што ли уште не ги нагрдуваат улиците низ населбата Сточен пазар.
Со механизација и транспортни возила денеска во оваа населба беше собран над 15м3 отпад и депониран во депонијата Алинци. Исфрлениот отпадот е од категоријата комунален, и наместо несовесните жители да го спакуваат соодветно, и да го предадат на комуналните работници, тие, нагрдуваќи си го сопствениот животен простор го одложиле неконтролирано веднаш до куќите и вдолж по уличките.
Комуналец, по којзнае кој пат апелира до граѓаните да се пробуди свеста и совеста за чиста животна средина и било кој отпад да го спакуваат прописно, а комуналните работници се должни да го подигнат и депонираат.
Со ваквото однесување кон животната средина, не само што ја уништуваме, загадуваме и нагрдуваме, создаваме услови за непотребно трошење на финансиски средства од Локалната самоуправа и Комуналец, кои наместо да се употребат за разеленување, се употребуваат за чистење.