Комуналец започна со генерално чистење по населбите

Со оглед на долготрајната зима и задржувањето на снежната покривка повеќе од 35 дена, Комуналец, од денеска започна и со акција за генерално чистење во населбите. Акцијата за чистење на насобрани и расфрлани ѓубришта започна од населбата Бончејца по кејот на неурбанизираниот дел од речното корито.

Некои од лоцораните улици не се влезени ниту во оперативните програми за работа, и не спаѓааат во Јавно промети површини за одржување. Но, со оглед на исфрлениот разноразен отпад од поедини несовесни граѓани, а кој го има во гоелеми количини, комуналците наредниов месец ќе се насочат на чистење на ѓубриштата.

Отпад од најлон, пластика, јоги и цели кревети, сезонски отпад од бавчи, отпад од кастрење на дрвја, па дури и пепел, е видлив и оставан покрај коловозите низ населбите. Од Комуналец, велат дека за еден месец ќе завршат со чистење на овие ѓубришта низ градов, по што ќе се продолжи со чистење на речните корита на Оревоечка, а посебно на Дабничка река.

И покрај апелите на комуналците, дека сиот отпад се собира со редовната неделна линија и немаат потреба граѓаните да го оставаат во нивната близина на живеење, сепак поедини граѓани остануваат глуви на нивните молби и повици.

Од Комуналец, уште еднаш ги потсетуваат граѓаните дека секој отпад, и во било која количина да го оставаат во кантите за отпад, а доколку отпадот е во поголеми количини да го спакуваат во други садови или вреќи, за што Комуналец е должен да го подигне.

Додека пак, за габаритниот отпад од мебел, или поголеми количини на отпад од кастрени дрвја, можат да се обратат во секое време во Комуналец, по што ќе се ангижираат службите да извршат подигање на овој отпад. Овие видови на отпад, се во категоријата комуанален отпад создаден во домаќинствата, и за нив не се наплаќа.

Со ваквиот принцип на работа од комуналците, греаѓаните немаат причини за изговор, за да го исфрлаат отпадот кај ќе стигнат, зашто имаат сервис во секое време, на нив останува само да ги повикаат комуналните работници.

Можеби ќе ви се допадне