За Комуналците нема зима, чистиот град им е приоритет

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ започнаа со генерално чистење на градов. Со оглед на долготраноста на ниските температури, задржувањето на снегот и голомаразицата, комуналците наредниве денови ќе имаа зголемен обем на работа.

По сообраќајниците и тротоарите, видлива е нечистотијата од отпадоци и остатоци на се она што користи службата за зимско одржување на улици. Веќе се е претворено во кал и мил, а со топењето на снегот се појавуваат и разнирзни отпадоци и отпушоците исфрлени во парковите.

„Најнапред ќе се чистат главните сообрајќајници и тротоари, плоштадите и старата чаршија . Започнуваме со чистење со цистерни на млазница, за да се турне калта во сливниците, за потоа да пристапиме кон метење на камчињата кои ги има во големи количини. Третата работа операција ќе ни биде рачно миње со цистерна и црево. Годинава мораме да делуваме со цистерни со силен преден млаз, зашто по улиците се се` претвори во кал, малку ни помагаат и врнежите, но тие се краткотрајни“ потенцира Даре Цветаноски – раководител на Сектор за ЈПП, паркови и зеленило.

„Ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, да внимаваат кога ги претекнуваат возилата од Комуналец, а можат да покажат и доблест да ги пропуштаат нашите возила, механизација и работниците, зашто оперативата работи на повеќе релации низ градов“ додава Цветаноски.

Ова е редовна работна обврска на Комуналец, согласно Програмата за одржување на Јавно прометни површини.Паралено со ЈПП се прави и темелно чистење на парковите. Снегот кој се задржа подолго време си го напрви своето, а сега е ред на Комуналците, доколу ги послужи времето, да исчистат се она што остава зимата зад себе, зашто според метеоролозите, веќе од петок се најавува заладување и врнежи од снег.

Можеби ќе ви се допадне