Се подготвува теренот за изградба на паркот во Врбејско маало.

Денеска комуналните екипи работеа на сечење и кастрење на дрвјата од сортата Гледич (Gleditsia triacanthos). На дрвјата се изврши кроење до стебло со цел нивна заштита заради староста, а едно од огромните дрвја беше целосно пресечено заради оштетувањата на срцевината и коренот. Со изведбата на паркот е предвидено и засадување на нови дрвја и украсни растенија.

Се планира паркот да содржи различни содржини за одмор и забава, а идејното решение е работено да претставува спомен парк на скулптури работени во минатото од Центарот за современа ликовна уметност.

Можеби ќе ви се допадне