Висока трева, шамак, троскот, трње и друго, косат комуналците од малото пешачко мовче кај ОУ„Коре Граврилоски – Јане“ накај градскиот базен, и од мостот во населбата „Димо Наредникот“ до подвозникот.
Со оглед на влажноста во речното корито која ја има во текот на целата година, зелените површини одсекогаш претставуваат еден од поголемите проблеми во работењето.
Комуналец, со цел да излезе во пресрет на граѓаните, работи и коси во места и населби кои не се по Програмата за одржување, а кои се на финасиско оптоварување на Комуналец, со материјални трошоци и човечки ресурси.