На 10 од рано утрово комуналците го исчистија поголемиот дел од замрнатиот снег од патеките, плоштадите и тротоарите.
Проодни се сите патеки во централното градско подрачје, се чистат патеките низ сите паркови во градов, а во тек е чистењето на тротоарскиот дел по главните улици и тротоарите.
Со оглед на ниските температури, отежната е работата, но во текот на денот ќе се чисти скоро во сите населеби каде „Комуналец“ ги одржува улиците согласно Програмата за работа за одржување на Јавно прометни површини.
Од Секторот за подигање и транспортирање на отпад информираат дека непречено се врши подигање на одпадот од контејнерите по ЈПП и домовите.
Влажниот снег кој врнеше во текот на ноќта е причина да се скршат три застарени дрвја низ парковите во градов.