Отпадните масла наместо да завршат кај овластен лиценциран собирач,завршуваат во контејнерите. Сликата која утрово ја забележавме на ул,, Александар Македонски,, последен еколошки пункт за собирање на отпад кај егејските згради е повеќе од разочарувачка.
Согласно одредбите од Законот за управување со отпад, Министерството за животна средина на територијата во државава има издадено лиценци за собирање на употребени отпадни масла, мазива од индустријата и услужните дејности и употребени отпадни масла за јадење од (хотели, ресторани, кујни).
Обврска на сопственикот е да обезбеди соодветни садови за собирање на употребените масла, во зависност од тоа колку отпадно масло се создава и прописно да го чува се до неговото предавање за уништување. За предаденото отпадно масло се добива транспортен формулар со вкупната количина која е предадена. Договорот и транспортниот формулар се неопходни за доказ пред надлежните инспекциски органи дека фирмата легално се ослободува од отпадните масла и масти и масло за јадење.
Во овој случај сопственикот не постапил согласно законската регулатива и го уништил и контејнерот, а ја загадил и загрозил животната средина. Во многу случаи ваквите штетни отпадни масла и од индустријата, угостителството и услужните дејности завршуваат во реки и долови.