Комуналците продолжуваат со чистење на Дабнички канал

По чистењето на дел од Дабничкиот канал во населбата Тризла, комуналците продолжуваат со чистење на каналот од мостот кај касарната, до вливот во Оревоечка река. Се чистат камените ѕидови од разноразни плевели, трње и шипови, а по ова ќе се продолжи со чистење со градежни машини на исфрлениот отпад, тиње и мил.

Инаку, и покрај апелите од комуналците да не исфрлаат отпад во каналот, тој и понатаму се затрупува со различен вид на комунален отпад, како и отпад кој може да се селектира. Отпадни гуми, пластични туби и канти, Пет амбалажа и што ли уште не се исфрла во каналот, а истиот може да се сортира во домовите, или измешан да се предаде на собирање на комуналните служби.

Можеби ќе ви се допадне