По долгогодишно барање и инсистирање од жителите од ул„Лазо Филипоски“, комуналците во соработка со Локалната самоуправа започнаа со изградба и уредување на парк, каде месното население има веќе изградено параклис.
Паркот се гради со природни материјали во автентичен стил, онака како што го замислиле и го доживуваат жителите од оваа улица. Паркот ќе содржи летниковци, патеки, на дел од паркот ќе се постават и детски реквизити, зелени површини, цвеќе и зимзелени украсни растенија.